Крем “Каталана“ со фстаци

8 јули, 20130
7

Потребни состојки:

475 мл млеко,

4 жолчки,

200 гр шеќер,

1 супена лажица нишесте,

2 супени лажици фстаци,

1 прачка ванила,

Кора од половина лимон,

Кора од половина портокал.

Начин на подготовка:

Фстаците се мелат најпрво во блендер. Ги одвојуваме жолчките и ги мешаме заедно со шеќерот и нишестето со миксер. Во тенџере го затоплуваме млекото и ја додаваме прачката ванила за да ја испушти аромата и потоа ја вадиме.

Го исипуваме млекото во смесата со жолчките. Мешаме и го враќаме тенџерето повторно на оган. Ги додаваме изрендата кора од лимон и портокал и мелените фстаци. Откако ќе се згусти ја распределуваме смесата во мали садови, поросуваме со шеќер, ги карамелизираме од горе со оган и сервираме.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *