Летен специјалитет од тиквици со моцарела и пармезан

1 август, 20130
16

Потребни намирници:

4 тиквици

Неколку лажици свеж босилек

Неколку прачки млад кромид

1 чаша бело сирење или моцарела исецкана на коцки

½ чаша рендан пармезан

Лук во прав

Сол

Бибер

Исецкајте ги тиквиците на полумесечини, а босилекот и младиот кромид на ситно.

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Измешајте ги сите компоненти за рецептата без пармезанот и исипете ја смесата во соодветен сад за печење, добро подмачкан со путер или масло.

Печете без да го покривате јадењето околу половина час, а откако ќе го извадите се поросува со пармезан.

После тоа се пече уште 15 минути. Јадењето одговара одлично со бело вино.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *