Мини мексикански пици
Вкусот на Мексико е добредојдено мени за сите гурмани…
Ако и Вие се пронаоѓате во оваа категорија… Задолжително вкусете ги овие неодоливи мини пици… Ќе станат Ваша навика !!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– тортиљи
– 200 грама мелено месо
– 100 милилитри доматен сос
– 50 грама маслинки
– 200 грама рендан кашкавал
– 70 грама варена пченка
– црн бибер, оригано, пченка
– маргарин
– павлака
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Исечете ги тортиљите, и наредете ги во калап, намачкан со маргарин. Испржете го меленото месо и во него додајте ги сосот од домати, пченката, павлаката и зачините. Врз секоја тортиља, нанесете по 1 лажица од убаво соединетата смеса. Врз филот изрендајте го кашкавалот и исечкајте ги маслинките и ставете го калапот за печење во загреана рерна.
Печете ги 15 минути на 250 степени Целзиусови …
Уживајте во неверојатниот вкус !!!