Мохито со лубеница
5 август, 20130
Потребни намирници:
Свежи листови од нане
1 лајм
Коцки мраз
2 кафени лажички шеќер(или по вкус)
600 гр лубеница без лушпа и семки
100 мл рум
100 мл газирана вода
Во блендер ги мешаме лубеницата, румот и шеќерот и мешаме се додека течноста не се изедначи добро. Цедиме низ ситна цедилка.
Полниме 2/3 од две високи чаши со мраз, после што додаваме по 4-5 листови нане и неколку парчиња лајм.
Мешаме добро со лажица за да може вкусовите да се измешаат.
Додаваме малку газирана вода и на крај од смесата со лубеница. Сервираме со цевка.