Мока торта

11 мај, 20130
1

Потребни состојки за кората:

–      200 гр путер

–      200 гр ореви

–      200 гр брашно

–      100 гр шеќер

За филот:

–      и пудинг од чоколада и три лажици какао

–      300 мл млеко

За вториот фил:

–      300 гр младо несолено сирење

–      400 мл слатка павлака

–      110 гр шеќер во прав

–      50 мл јако кафе

Подготовка:

Изматете го путерот со шеќерот, а потоа додадете ги оревите и брашното. Тестото печете го на 180 степени околу 25 минути. Оставете ја кората да се излади.

Сварете го пудингот од чоколада и додајте го какаото.

Изматете го сирењето со павлаката и шеќерот во прав, па додајте го кафето.

Кога пудингот ќе биде целосно изладен прелијте го врз кората и убаво израмнете. Преку него ставете го другиот фил. Ставете ја тортата во фрижидер да се стегне. Одозгора премачкајте ја тортата со шлаг крем и посипете ја со рендана чоколада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi