Најдобрата кора за торта: Рецепт во 8 чекори, за почетници и искусни!

18 ноември, 20130
23

Состојки:

75 гр брашно

75 гр густин (скробно брашно)

5 јајца

150 гр шеќер

Малку сол

Подготовка:

Во длабок сад скршете ги јајцата, додадете многу малку сол и постепено додавајте шеќер мешајќи со миксер.

Мешајте се додека обемот на смесата драстично не се зголеми и додека смесата не стане светло жолта, кремаста и глатка.

Бавно, преку сито, додавајте го брашното и густинот во смесата, мешајќи бавно со дрвена лажица и тоа со движење од дното на садот кон врвот. Не смеете брзо да мешате.

Подмачкајте го и поросете го со брашно калапот за печење торти со пречник од 24 см.

Внимателно исипете ја смесата во калапот и внимавајте при тоа да не го тресете премногу садот и да не удирате со лажицата врз садот. Воздушните меурчиња мора да останат во смесата.

Со лопатче за крем измазнете ја површината и ставете ја кората да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени. Се пече околу 40 минути.

Не смеете да ја отварате рерната првите 30 минути, бидејќи кората ќе спласне и нема да биде мека и сочна. Последните 10 минути можете да пробате дали е печена така што ќе боцнете со чачкалица. Ако кората е печена, чачкалицата мора да биде сува.

Важно е кората, пред да почнете да нанесувате фил или да ја сечете, да ја свртите така што глатката страна која била на дното од калапот, треба да биде свртена кон горе. Откако кората ќе се олади, можете да ја пресечете со танок и долг нож.

biskvit-detaljno-ph

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksiEskişehir Odunpazarı Escort Işıltı