Направете чоколадна кошница

18 март, 20131
10

Ова не е обичен рецепт или совет како да направите нешто што ќе биде брзо и корисно.

Чоколадната кошница ќе ја направите за неколку минути, само треба да посакате, а верувајте во неа ќе уживаат сите од 7 до 77 години.

Се што ви треба е бело и црно чоколадо, еден сад и еден балон.

Најпрво  најдувајте еден балон и залепете го со селотејп за еден длабок керамички сад.

Потоа стопете го белото и црното чоколадо но одвоено и ставете ги во два одделни сада.

Полека почнете да го посипувате балонот во кружни движења, најрпвин со бело, па потоа со црно чоколадо. Направете го тоа во неколку слоја. Како го ставате секој слој така внесувајте го балонот во фрижидер за да се зацврсти чоколадото, а потоа продолжете со повторно нанесување на слој.

Откако ќе бидете задоволни од постигнатото, оставете го садот со балонот да постои 10 до 15 минути во фрижидер.

Извадете го садот и превртете го балонот и ставете го на хартија за готвење. Одлепете го селотејпот и тргнете го садот, а потоа дупнете го балонот и отстранете го.

Ќе добиете прекрасна чоколадна кошница, која веднаш можете да ја наполните со свежо овошје и да уживате со гостите.

One comment

  • Nate

    19 март, 2013 at 13:30

    Interesna kosnicka i sladka ke ja napravam :)))))

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *