Направете пирошки од стариот леб
9 мај, 20130
Потребни состојки:
– Половина векна стар леб
– 100 гр кашкавал
– 100 гр презла
– 100 гр салама
– 2 јајца
– 100 гр сирење
Подготовка:
Иситнете го лебот и ставете го во еден длабок сад. Додајте го јајцето, малку млеко, посолете и убаво измешајте. Кашкавалот и саламата ситно изрендајте ги. Во смесата ставете ги кашкавалот, саламата и ситно исецканото сирење, па од таа смеса направете пирошки. Секоја пирошка најпрво потопете ја во изматено јајце, па во презла и пржете ги во врел зејтин. Откако ќе се испржат ставете ги на хартиена салфетка за да ја впие непотребната маснотија.