Њоки во крем сос со пилешко
5 декември, 20130
Потребни состојки:
- 600гр њоки
- 1 лажица масло
- 400гр пилешко бело месо
- 2 тиквички (400 г)
- сол
- бибер
- 200 мл павлака
- магдонос
Начин на подготовка:
Сварете ги њоките и исцедете ги. Пилешкото исецкано на коцки, издинстајте го на загреано масло. Кога месото ќе порумени, додадете тиквички исечени на коцки и продолжете со динстање уште 3-4 минути. Додадете павлака, зачини и претходно сварените њоки. Промешајте на ниска температура и варете уште две минути. Декорирајте со магдонос.