Новогодишни чоколадни кекси
31 декември, 20130
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 3 филџани брашнo
- 1 лажичка прашок за печиво
- 1 филџан путер или маргарин
- 1 лажичка ванила
- 150 грама кафен шеќер
- 50 грама шеќер
- 1 филџан лешници
- 2 јајца
- 1 инстант пудинг од ванила или чоколадо
- 350 г чоколада за готвење, грубо иситнета
ПОДГОТОВКА:
Помешајте во сад брашно со прашокот за печиво. Во друг сад помешајте го путерот, шеќерот и прашокот за инстант пудинг. Измиксирајте ги состојките додека не добиете кремаста смеса.
Помешајте ги јајцата и постепено додавајте го брашното со прашокот за печиво. Додадете ја чоколадата и лешниците. Направете топки и нежно сплескајте ги или само притиснете со лажица.
Ставете ги на плех обложен со хартија за печење и печете ги 8-10 минути на температура од 190 степени Целзиусови.