Нутела колач – готов за 3 минути

15 јуни, 20130
5

Едноставната и брзата подготовка го прави овој колач идеален десерт.

Ви се стигнаа ненајавени гости, а Вие немате со што да ги почестите??? Чувствувате голема грижа на совест дека сте „лоша“ домаќинка???

Нема потреба од сето тоа доколку го подготвите овој брз, но пред се вкусен десерт во која Вашите гости сигурно ќе уживаат… и сето тоа само за 3 минути!!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 лажици сенаменско брашно

4 лажици шеќер

3 лажици какао

3 лажици Нутела

3 лажици млеко

3 лажици масло за јадење ( може и маслиново )

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Сите состојки ставете ги во подлабок сад и измешајте ги со виљушка додека смесата не постане еднолична. Вака подготвената смеса ставете ја во шолји и потоа во микробранова печка и печете на највисока температура од 1 ½ до 3 минути во зависност од видот на микробрановата печка.

Кога ќе бидат готови украсете со шлаг и прелив од чоколадо.

Вкусот е неверојатен…

Уживајте!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *