Орасници со маскарпоне крем
4 декември, 20130
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 2 лажици брашно
* 120гр шеќер во прав
* 200гр сецкани ореви
* 2 белки
* 2 лажици какао
ЗА КРЕМОТ:
* 50гр шеќер во прав
* 1 ванила
* 100гр маскарпоне
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Ги матиме белките како снег заедно со шеќерот, на топло.
- Ги додаваме брашното, какаото и сецканите ореви.
- Со помош на лажичка ја истураме смесата на купчиња во тава претходно намачкана со масло и посипана со брашно.
- Печеме на умерена температура.
- За кремот: во еден сад го мешаме маскарпонето со шеќерот во прав.
- Ја додаваме ванилата и повторно матиме до добивање на хомогена смеса.
- Со добиениот крем ги лепиме орасниците.