Паста со сардини

30 октомври, 20130
26

Ова е одличен предлог за вкусна вечера. Со чаша бело вино и загарантирано имате вкусен оброк.

Состојки:

–         4 лажици маслиново масло

–         4 мали лукчиња

–         1 лажица лебни трошки

–         гранче магдонос / ситно исецкан

–         ½  лажица црн бибер

–         1 конзерва сардина / исцедени и исецкани/ незачинети

–         ½  лажица црвен пипер

–         1 пакување шпагети/ макарони/ јуфки

Подготовка:

Ставете две лажици масло во тава за пржење, кога маслото ќе се загрее додадете ги лебните трошки. Пржете 2-3 минути се додека лебните трошки не поцрвенат. Додајте го ситнo исецканиот лук и продолжете да пржите уште 2 минути. Тргнете ја тавата од оган. Во меѓувреме сварете ги шпагетите.

Во тава за пржење додадете маслиново масло, кога ќе се загрее ставете ги сардините, зачинете со црвен пипер и гответе некаде околу 5 мин. Додате ги сварените шпагети и промешајте. Сипете во чинија.

Трошките од леб додате ги во тава за пржење, додајте го магданосот и пропржете. Земете од смесата и сипете врз чинијата.

Добар Апетит:)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *