Печени брускети

21 март, 20130
12

Потребни состојки:

–          500 гр брашно

–          250 мл вода

–          пола квасец

–          лажичка сол

За филот:

–          3 домати

–          50 гр кашкавал

–          оригано

–          лук

–          босилок

Подготовка:

Квасецот растопете го во млака вода и полека додавајте го брашното. Потоа сипете ја преостанатата вода во која ја размативте солта. Кога тестото ќе почне да се одвојува од садот, оставете го да отстои два часа на собна температура.

Расукајте ја кората и со чаша сечете кругови. Наредете ги на плех и печете ги околу 10 мин на 200 степени. Извадете ги и посипете ги со филот од исецканите состојки и повторно вратете ги во рерна да се допечат уште 5 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *