Печено сирење со мед и ореви
27 мај, 20130
Потребни состојки:
– 4 супени лажици мед
– 100 гр мелени ореви
– 300 гр сирење
Начин на подготовка:
Од сирењето оформуваме 2 плочки кои ги поставуваме во два листа алуминиумска фолија доволно големи за да може после да се завитка.
Ги поросуваме плочките сирење со мелените ореви и поливаме со по две лажици мед.
Ги виткаме парчињата сирење со фолија и ги ставаме да се печат околу 8 минути на висока температура.