Пикантни компири со печурки и вино

3 ноември, 20130
9

Состојки:

Рузмарин

3 лажици масло за јадење

300 гр печурки

4 големи компири – црвени

100 мл бело вино

4 чешњина лук

2 главици кромид

Подготовка:

Исечете ги компирите заедно со лушпите на крупни парчиња и ставете ги да се пржат во загреано масло.

Кога ќе се испржат од едната страна, свртете ги. Додадете го лукот и крупно исецканиот кромид.

Кога компирите ќе се зацрвенат и од другата страна, измешајте ги лукот и кромидот и оставете да карамелизира.

Додадете ги крупно исецканите печурки, измешајте и додадете половина од виното, кога ќе се испари, додадете го и останатото.

Зачинете со сол и бибер и ситно исецкан рузмарин. Кога зеленчукот ќе го упие виното, јадењето е готово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *