Полнети варени компири
8 август, 20130
Потребни намирници:
500 гр компири
120 гр мајонез
220 гр сирење
280 гр кашкавал
Ги миеме и ги вариме компирите.
Го кршиме сирењето, го рендаме кашкавалот.
Компирите ги сечеме внимателно на 4 во форма на крст и додаваме од горе малку мајонез, сирење и кашкавал.
По желба може да печеме уште 10 минути во рерна или да сервираме веднаш.