Полнето лепче со лук и кашкавал
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 леб со подебела кора
* 1/2 чаша стопен путер
* 2 лажици маслиново масло
* 1 лажица исецкан магдонос
* 1 лажица ситно исецкан кромид
* 1 поголемо чешне лук
* 1/2 лажиче зачини ( мешавина од сув босилек, оригано, црн бибер и сол во еднаков размер)
* 230гр изрендан кашкавал
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загреете ја рерната на 200степени.
Засечете го лебот како за кришки, но не до крај.
Потоа завртете го за 90 степени и повторете ја постапката за да добиете коцки.
Измешајте ги путерот, маслиновото масло, магдоносот, кромидот, лукот и зачините и ставете ги врз лебот.
Потоа, одозгора ставете го и кашакавалот, настојувајќи да дојде помеѓу коцките.
Завиткајте го лебот во алуминиумска фолија и печете 20 минути, а потоа уште 10 минути со отворена фолија (додека не стане крцкав).
Служете го додека е топол.