Посен колач со јаболка

17 декември, 20130
22

Состојки:

16 парчиња петит бисквити

5 – 6 јаболка

2 филџани од 2 дл шеќер

2 филџани гриз

1 ванилин шеќер

1 лимон

1 портокал

1,5 л вода

Шлаг за декорација

Подготовка:

Јаболката се лупат и се сецкаат на коцки. На тоа се додава цеден сок од портокал и лимон. Се додаваат и 3 дл вода, а потоа смесата се става на оган да зоврие. Кога јаболката ќе се сварат, се пасираат или се матат со миксер. Се додава уште 1,2 л вода, се додаваат и 2 филџани шеќер и ванилин шеќер. Кога ќе проврие повторно, се додава гриз и при тоа се меша постојано. Кога кремот ќе ја добие потребната густина, се трга садот од оган. По желба се додава малку жолта боја за колачи. Смесата се исипува врз петит бисквитите, кои претходно сме ги подредиле на дното на подлабок сад. Оставете неколку часа да се олади. Откако ќе се олади колачот се сече на коцки. По желба се декорира со шлаг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *