Послужете со кафето кокос бонбони

15 април, 20130
13

Внесете креативност дури и во наизглед баналните нешта во животот. Наместо кафето што сме навикнале да го пиеме, изненадете ја саканата личност и пријателите со ледено кафе послужено со домашни бонбони од кокос. Рецептата е мошне лесна и еве што ќе ви биде потребно:

60 гр брашно од кокос

250 гр шеќер

125 мл вода

Малку црвена или друга прехрамбена боја по вкус

Поставете ги шеќерот и водата во тенџере. Штом ќе зоврие додадете го кокосовото брашно и варете уште 10 мин на умерен оган мешајќи постојано. Исипете ја половината од готовата смеса врз сув затоплен лист алуминиумска фолија и направете слој со дебелина од 4-5 мм. Во останатиот дел додадете малку од бојата, измешајте и додадете врз белиот слој од горе. Измазнете со лажица. Пред да се олади сосема исечете на мали квадратчиња. Со оваа смеса може да се украси и торта. Розово обоена врз бел крем, а бела врз чоколаден.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi