Потпечени компири со виршли
6 август, 20130
Потребни намирници:
4 супени лажици стопен путер
3 виршли
2 глави кромид
1 кг компири
Сол по вкус
Ги вариме и ги лупиме компирите. После тоа ги сечеме.
Ги истураме компирите во намачкана тава и ги поросуваме со ситно исецканиот кромид и путерот. Ги додаваме парчињата виршли. Посолуваме и промешуваме внимателно.
Ги печеме во загреана рерна на висока температура.
Малку пред да биде готово јадењето по желба може да додадеме и рендан кашкавал.