Ролат со шлаг

25 јануари, 20130
rolat

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 0,5 чаши шеќер +2 лажици
  • 2 лажици топла вода
  • 60гр рендано чоколадо за готвење
  • 0,5 чаши брашно
  • полна лажичка прашок за пециво
  • чаша слатка павлака за шлаг
  • 2 лажички шеќер во прав
  • лажичка арома од ванила

Начин на подготовка:

Подмачкајте плех со димензија 25×30 cm и обложете го хатија за печење. Изматете жолчки од јајце и половина чаша шеќер, па додадете врела вода и чоколадо, а потоа брашно со прашок за пециво. Изматете шам од белки и полека соединете со чоколадната смеса. Ставете во плех и печете во рерна на 180 степени, околу 12 минути. Ставете на хартија посеана со шеќер, израмнете ги рабовите и завиткајте ја кората заедно со хартијата. Оставете две минути, одмотајте и оставете да се олади. Изматете шлаг од слатка павлака со шеќер во прав и арома од ванила и ренадно чоколадо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *