„Шантили“ – највкусните принцес крофни

23 март, 20130
11

Многумина ги обожаваат… Вие сте на ред !!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За 30 принцес крофни:

За тесто:

110 грама путер

1.2 децилитри млеко

1.2 децилитри вода

1 лажица шеќер

140 грама брашно

5 јајца

Прстофат сол

За Шантил крем:

2.5 децилитри млеко

2.5 децилитри слатка павлака

100 грама шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

1 јајце + 1 жолчка

25 грама густин

2 лажици вишњовача

Шеќер во прав за посипување.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

За тесто:

Загрејте го млекото, додадете го путерот, вода, шеќер и прстофат сол. Варете на умерена температура. Постепено додавајте го брашното додека тестото не се почне да се одвојува од ѕидовите на садот. Тргнете го садот од оган и додадете ги јајцата едно по едно и мешајте додека не добиете хомогена маса, која не треба да биде премногу густа.

Смесата ставете ја во готварски шприц. Врз плех за печење кој претходно сте го покриле со хартија за печење нанесувајте кругови тесто по Ваша желба, но внимавајте да се раздвоени и да не се допираат. Печете 30 минути во загреана рерна на 180 степени Целзиусови.

За крем:

Измешајте го млекото и ванилиниот шеќер и варете на умерена температура. Кога млекото ќе почне да врие тргнете те го од оган. За тоа време пенасто изматете 1 цело јајце и 1 жолчка со 60 грама шеќер и густин, и прелијте со третина од млекото. Се убаво промешајте и смесата истурете ја во млекото. Повторно ставете го млекото на оган и со непрестајно мешање варете додека не добиете густ крем. Кога смесата ќе ја добие густината тргнете го садот од оган и додадете го путерот и вишњовачата и се добро измешајте.

На работната површина врз фолија истурете го кремот и направете ролат. Затворете ги краевите на ролатот и оставете го да отстои во замрзнувач околу 10 минути а потоа во фрижидер уште 60 минути.

Оладеното печено тесто преполовете го на половина, и полнете го оладениот крем. Посипете со шеќер во прав.

Уживајте во вкусот!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *