Сникерс бајадера
18 февруари, 20130
Потребни состојки:
250гр маргарин
100гр кикирики
300гр мелени бисквити
200гр шеќер
Децилитар млеко
200гр чоколадо
Подготовка:
Истопете 200гр маргарин и додадете го шеќерот. Кога ке се соединат додадете 100гр чоколадо, мелените кикирики, бисквитите и млекото. Ставете ги во плех. Кога малку ке се олади, полите го со 100гр чоколадо и 50гр маргарин.
Совет: за да избегнете бајадерата да се залепи за дното на плехот, претходно премачкајте го со масло или обложете го со харија за печење.