Солен колач од компир

22 март, 20130
10

Вкусно, зачинето, ароматично…

Потребни состојки:

–      500 гр брашно

–      30 гр квасец

–      250 мл вода

–      30 мл маслиново масло

–      200 гр компир

–      200 гр сладок компир

–      1 мала црвена пиперка

–      рузмарин

–      2 чешниња лук

–      50 мл маслиново масло

–      билни зачини

–      сол и бибер

Подготовка:

Квасецот издробете го во млака вода, убаво промешајте и постепено сипувајте го брашното. Додајте маслиново масло и замесете го тестото. Оставете го да нарасне 10-15 минути. Во меѓувреме излупете ги компирите и посолете ги и исечете ги на тенки кругови. Измијте ја пиперката и ситно исецкајте ја, истото направете го и со лукот. Измечајте го лукот со малсиновото масло и рузмаринот. Нараснатото тесто развлечете го и ставете го во плех, кој претходно сте го премачкале со масло. Одозгора наредете ги компирите, па одозгора ставете од пиперката и на крај премачкајте со маслото во кое ги ставите лукот и рузмаринот. Зачинете и печете околу 35 минути на 200 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *