Стапчиња од модар патлиџан
25 април, 20130
Потребни состојки:
- 1 голем модар патлиџан
- 2 јајца
- 100гр брашно
- 50 го 75гр свеж рендан пармезан
- ¼ лажица сув зачин
- Малку лук
- ¼ лажица бибер
- ¼ лажица медитесрански микс зачини
- Магдонос по вкус
- 50гр презла
Начин на подготовка:
- Во голем сад ставете брашно, презла, рендан пармезан и сите зачини, кои можете да ги додадете или одземете по ваша желба.
- Во друг, плиток и широк сад изматете јајца. Измијте го патилиџанот, нема потреба да го лупите, исечете го на парчиња по должина, потоа оие парчиња исечете ги на половина.
- Загрејте масло во тава. Модриот патлиџан ставете го во изматените јајца, извадете ги со рака и малку изцедете ги и ставете ги во садот со брашно, сте добро протресете ги да се валкаат во оваа смеса и пржете ги на загреано масло додека не поруменат по ваш вкус.