Стек со пршута

7 февруари, 20130
stek

Потребни состојки:

  • 500гр телешки стекови
  • 250гр пршута
  • 1кг компир
  • 50гр путер
  • малку млеко
  • магдонос
  • сол
  • бибер
  • масло

За сос:

  • 250гр путер
  • 2 жолчки од јајце
  • 4 лажици бело вино
  • сок од еден лимон
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

Сварете го компирот, изгмечете го, додадете путер и млеко, па направете пире.  Стековите истенчете ги со толчник за месо, додадете сол, бибер, завиткајте ги во пршута и испечете ги на загреано масло. За сос растопете путер и оставете го од страна. Ставете помал сад во поголем со зовриена вода и на пареа изматете жолчки и бело вино. Полека, со постојано мешање, додадете растопен путер, малку сок од лимон, сол и бибер. Кога ќе почне да се згуснува сосот е готов. На средина на чинијата ставете пире од компир, преку него ставете стек, а околу истурете сос и украсете со сецкан магдонос.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi