Тестенини со месо
14 јануари, 20130
Потребни состојки:
- 240гр бифтек
- 100гр печурки
- 10гр лук
- 2 домати
- 240гр сос од домати
- 360гр тестенини
- 1дл бело вино
Начин на подготовка:
Парчето бифтек исечете го на коцки, пропржете го на загреано масло, додадете печурки, лук и бело вино и зачини по желба. Кога виното ќе испари, додадете малку вода и сос од домати. Претходно сварените тестенини додадете ги во сосот, оставете некоја секунда сосот да се соедини, додадете свеж домат и послужете.