Торта „Чоколаден сон“

26 март, 20130
10

Ова е највкусната чоколадна торта која ќе ве разнежни со самиот мирис. Едноставно и брзо се прави, а вкусот долго ќе го паметите.

Потребни состојки:

Две шољи шеќер

1 – ¾ шољи брашно

¾ шоља како во прав

2 големи лажици квалитетно какао

2 лажички сода

1 лажичка пециво

малку сол

2 јајца

1 шоља млеко, со голема масленост

1 шоља црно кафе

½ шоља масло

2 лажици екстракт од ванила

Подготовка:

Уклучете ја рерната да се загрее на 350 Ц.  Тавата во која ќе ја печете тортата намрсете ја и ставете брашно, секаде рамномерно.

Во сад за матење ставете ги шеќерот, брашното, какаото, содата и пецивото и измешајте ги убаво. Потоа ставете ги јајцата, мелкото, кафето, маслото и ванилата и мешајте со миксре со средна брзина  околу две минути.

Смесата ставете ја во тавата и печете околу половина час.

Потоа испеченото тесто пресечете го на половина. На едната половина ставете чоколаден фил, па ставете ја другата половина и повторно ставете од филот.

Напомена: квалитетното какао не е неопходно за да го направите овој рецепт. Тоа само би дало посилна кафена боја и посилен вкус на тортата.

За филот:

1 чоколадо за готвење

100 гр шеќер

100 мл млеко

100 гр какао

1 маргарин

200 гр шеќер во прав

10 жолчки

Чоколадата, шеќерот, какаото и млекото ставете ги на тивок оган. Откако ќе се растопат состојките од смесата се земаат 3 лажици и се ставаат настрана. Се мати еден маргарин со шеќерот во прав и жолчките. Во него се додаваат оние три лажици од растопеното чоколадо, додека е топло. Потоа се соединува смесата со маргаринот со смесата со растопено чоколадо, која е веќе изладена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi