Торта “Сон“

19 декември, 20130
14

Состојки:

За темна кора:

250 гр брашно

1 прашок за пециво

6 лажици шеќер

1 ванилин шеќер

150 гр путер

3 жолчки

2 лажици какао

Мармалад

За светла кора:

6 белки

18 лажици шеќер

Фил:

½ л млеко

1 пудинг од ванила

3 жолчки

3 лажици густин

100 гр путер

5 лажици шеќер

За декорација:

200 мл павлака за шлаг, чоколада

Подготовка:

Се мати путерот со шеќер, се додаваат жолчките, ванилин шеќер, какао и брашно со прашок за пециво. Тестото се дели на два дела. Во калап со пречник 24 см, обложен со хартија за печење се додава половината од тестото и се пече во заграна рерна на 180 степени, 20 минути.

Се мататат белките додека не се добие цврст снег, се додава шеќер и се мати додека шеќерот не се стопи. Смесата се дели на два дела. Печената кора се вади од рерна, се премачкува со мармалад и се додава половината од матените белки. Се враќа во рерна и се продолжува со печење.

Истата постапка се повторува и со другата половина од смесата,  за да се добијат две кори составени од два слоја – црн и бел.

Во врелото млеко се додава матениот пудинг со густин, жолчки и шеќер. Се вари додека филот згусне.

Кога филот ќе се олади, се додава путер и се мати со миксер. Меѓу корите се нанесува фил. Тортата се премачкува со шлаг и се украсува со топена црна и бела чоколада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi