Уштипци од тиквици
25 мај, 20130
Потребно е:
– 3 тиквици
– 4 јајца
– малку сол
– 1 кесичка пециво
– 10 лажици брашно
– 300 гр сирење
Подготовка:
Изрендајте ги тиквиците и посолете ги. Оставете ги малку да отстојат за да ја испуштат водата од нив. Изматете ги јајцата, па во нив додадете ги пецивото, брашното, па додадете ги изренданите исцедени тиквици. На крајот додадете го ситно иситнетото сирење и убаво измешајте. Со помош на лажица ставајте од смесата да се пржи на загреано масло.