Вкусен домашен чипс

20 февруари, 20130
4444444

Повеќе не ни е потребна фритеза за да добиеме вкусен крцкав компир. Во нејзиното височество микробрановата печка можете да зготвите чипс кој содржи помалку маснотии со истовремено заштедување на време.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

½ килограм компир

2 лажички маслиново масло

½ мала лажичка сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Компирот излупете го, исечете го на тенки листови и во сад измешајте го со маслиновото масло и солта.

Земете голема чинија испрскајте ја со малку путер или масло во спреј.

Распоредете ги компирите во еден слој по чинијата. Микробрановата печка уклучете ја најјако. Компирот би требало да добие златна боја за околу 2 до 3 минути во зависност од јачината на микробрановата печка. По 2 до 3 минути свртете ги листовите компир на другата страна и печете според истите инструкции 2 до 3 минути.

Повторете го целиот процес со останатите листови компир.

Совет

Бидете внимателни со времето на подготовката бидејќи тоа зависи од јачината на вашата микробранова печка. За да бидете сигурни дека нема да ги изгорите, бидете повнимателни при печење на првиот дел на компирите, потоа се ќе биде полесно.

Уживајте!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *