Вкусна кекс торта

14 април, 20130
1

Засладете се со брза и вкусна торта.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

800 грама кекс-бисквити

2 пудинзи од чоколадо

50 грама чоколадо

1 пудинг од ванила

2 литра млеко

15 лажици шеќер

2 кесички ванилин шеќер

400 грама маргарин

2 пакувања шлаг пена

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во подлабок сад ставете 6 децилитри млеко, додадете 10 лажици шеќер и варете додека млекото не почне да врие. Посебно во 2 децилитри млеко ставете го пудингот од чоколадо убаво измешајте го и ставете го во млекото што врие. Варете додека не добиете густа маса. Потоа додадете го претходно изренданото чоколадо и убаво измешајте. Оставете го пудингот да се олади. Во веќе оладениот пудинг од чоколадо додадете 250 грама маргарин и изматете со миксер да добиете компактна маса.

Во друг сад сварете го пудингот од ванила… Во 3 децилитри млеко додадете 5 лажици шеќер, посебно во 1 децилитар млеко ставете го пудингот од ванила и убаво измешајте го иставете го млекото што врие. Кога ќе се олади пудингот од ванила додадете 125 грама маргарин и убаво изматете со мискер.

На крајот формирајте ја тората.

Во сад по желба наредете еден ред бисквити кои се потопени во млеко, ставете половина од филот од чоколадо, потоа ставете го вториот ред бисквити (потопени во млеко) и прекријте со филот од ванила. Потоа наредете го 3 ред бисквити (потопени во млеко). На крајот ставете го остатокот од филот од чоколадо и декорирајте или со шлаг пена или со рендано чоколадо.

Уживајте!!!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *