Запечен модар патлиџан со сирење

28 јуни, 20130
5

Количината на намирниците се одредува според бројот на потребните порции и вкусот. За приготвување на овој рецепт ќе ви бидат потребни:

Модар патлиџан

Јајца

Лебни трошки

Масло

Лук

Сос од домати

Пармезан или рендан кашкавал

Парчиња моцарела

Излупете ги патлиџаните и исечете ги на дебели ленти. Потопете ги во избиените јајца, а после тоа во лебните трошки. Запржете ги парчињата во маслото при што ќе го додадете и лукот се додека не добијат златно-кафена боја. Исцедете ги врз хартиени салфетки. Загрејте го сосот од домати зачинет по вкус и изренданото сирење. Покријте го дното на стаклениот сад со сос, после тоа подредете ги парчињата модар патлиџан, моцарела и повторно сос. Повторувајте се додека не се потрошат состојките. Покријте го садот со алуминиумска фолија и печете на 180 степени додека сирењето не се стопи и почне да крчка. Тргнете ја фолијата на крај и печете уште десетина минути.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi