Запечени тиквици со моцарела и пармезан

21 јуни, 20130
8

Потребни намирници:

4 тиквици

Неколку лажици свеж босилек

Неколку парчиња млад кромид

1 чаша бело сирење или моцарела, исецкано на коцки

½ чаша рендан пармезан

Лук во прав

Сол

Бибер

Начин на подготовка:

Исечете ги тиквиците на полумесечинки, а босилекот и младиот кромид на ситни парчиња. Загрејте ја рерната на 180 степени. Измешајте ги сите компоненти – без пармезанот и исипете ја смесата во соодветен сад за печење, добро намачкан со масло за јадење.

Печете без да го покривате садот со капак, околу 30 минути, а откако ќе го извадите од рерна посипете го со пармезан.

После тоа повторно ставете го јадењето во рерна и печете уште 15 минути.

Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi