Запечени тиквици со сирење

15 јуни, 20130
4

Ова е одлично предјадење кое нема да ви одземе многу време за подготовка.

Потребни состојки:

–      3-4 тиквици

–      250 гр младо сирење

–      100 гр листови од тенко исечена сланина

–      малку брашно

–      сол и масло

Подготовка:

Исечете ги тиквичките на тенки листови по должина. Посолете ги и оставете ги малку да отстојат. Потоа малку забришете ги со хартиена салфетка па ставете ги во брашно од едната страна. Листовите сланина кратко пропржете ги, а потоа извадете ги па во истото малсо ставете ги листовите тиквица, прво од набрашнетата страна а потоа од  другата страна. Кога тиквиците ќе бидат готови, од набрашнетата страна ставете ја сланината, па одозгора премачкајте со сирење и свиткајте ги во ролничка. Прицврстете со една чепкалка. Ставете ги во тава за печење сите ролнички и запечете ги на 160 степени, само додека благо не заруменат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi