Ја избркале од матура поради длабоко деколте?!
6 јуни, 20130
Кога Британи Мајндер се појавила на прославата и било речено дека не може да влезе додека не го покрие деколтето, поради правилата на училиштето.
Британи Мајдер од Силвердејл, Вашингтон нашла совршен виолетов фустан за својата матура кој бил направен специјално за покрупни жени со бујни гради. Едвај чекала да го облече нестрпливо очекувајќи ја најубавата ноќ во својот живот. Меѓутоа за жал и било забрането да присуствува на прославата.
Нејзините родители бараат извинување од училиштето бидејќи сметаат дека нивната ќерка е неправедно избркана поради нејзините големи гради.
Британи останала на прославата само еден час бидејќи и било непријатно да седи замотана во шал цело време.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=24gzO5QaECw