Велигденското јајце – симбол за среќа и бериќет во семејството

2 мај, 20130
15

Христовата победа на смртта, секоја година, симболично се одбележува со Велигденското јајце. Во секое семејство, неговото толкување е речиси слично. Генерално, јајцето се поврзува со Велигден, поради новиот живот, плодноста, компарацијата со Христовото воскреснување. Традиционалното фарбање јајца во повеќе бои е старо верување, кое во секој дом носи радост. Некои сметаат дека црвената е вистинската Велигденска боја,но се смета дека не случајно јајцата за Велигден се подготвуваат во повеќе бои. Освен што се вистински подарок за очи, секоја боја поединечно, е извор на среќа.

Ви го претставуваме значењето на боите на Велигденските јајца, кои овие денови ќе бидат најдраг гостин во Вашите семејства:

Жолта боја – светлина, радост

Портокалова – трпение, моќ

Зелена – храброст, големина

Виолетова – надеж, спокојство

Сина – здравје, ведрина

Се претпоставува дури и дека симболите кои се појавуваат при фарбањето јајца имаат значење. Кога ќе здогледате круг, направен од малку потемна нијанса од бојата со која сте го фарбале јајцето, тоа означува огромна среќа оваа година.

Имајте среќни Велигденски празници. Ви посакуваме секоја боја на Велигденските јајца да влијае соодветно на полето чие значење го има… Бидете со Вашите најблиски, верувајте во големината на Бог…

Нека овој Велигден биде најубавиот украс на Вашиот дом. Амајлија на Вашето семејство…

Причина повеќе да се уверите дека нема ништо повистинско и поголемо од хармонијата на едно семејство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi