Човекот со големо срце: Неверојатна приказна за Пол Вокер

6 декември, 20130
19

Откако низ медиумите се прошири веста за несреќата и детали околу сообраќајката, на неговата Фејсбук фан страна се појавија и многу текстови за неговата хуманитарна работа и неговото огромно срце. Од сето тоа ја издвојуваме приказната на Ирена Кинг, вработена во продавница за накит во Санта Барбара.

Актерот во 2004 година влегол во продавницата каде таа работела, деновите околу Божиќ, а Ирена тој ден засекогаш ќе го памети. Не поради тоа што го запознала Пол Вокер, туку поради она што тој го направил.

Во моментот кога Пол Вокер бил во продавницата, влегува млад пар барајќи веренички прстен. Момчето баш тогаш се вратило од својата прва мисија во Ирак па сакал да ја израдува девојката со прстен што сама ќе си го избере, а таа избрала еден што чинел 9000 долари. За жал, не можеле да си го дозволат.

Во тој момент, Вокер пристапил кон Ирена и и рекол: “Ставете го тоа на моја сметка“.

Иако Ирена ветила дека никогаш нема да го открие идентитетот на купувачот, после неговата смрт, заклучила дека е време светот да дознае за неговото добро дело. Кристен и Кајл Уфам, луѓето што го добиле подарокот исто така се огласиле и ја потврдиле приказната.

“Забележав дека има уште некој во продавницата, но не обратив големо внимание. Тогаш свативме дека е тоа Вокер. Додека разговаравме за прстенот, Кајл спомна дека пред некој ден се врати од Ирак. Се сеќавам на изразот на лицето на Вокер. Се трансформираше“, изјавила Кристен.

Кога се вратиле по прстенот, сакале да дознаат кој го платил, но сопственикот не сакал да им открие. Двајцата велат дека од секогаш се сомневале дека се работи за Вокер, но никогаш не биле сигурни. Се додека Ирена не го објавила деновиве тоа на Фејсбук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *