Измама: Пол Вокер не е мртов!

4 декември, 20130
19

Низ социјалните мрежи и некои портали ширум светот се појавила веста дека Пол Вокер ја преживеал несреќата што пак пробудило надеж кај фановите дека актерот сепак ја избегнал смртта.

За жал се работи за дезинформација на која некои луѓе и сајтови наседнале.

Приказната оди вака. Еден американец потврдил дека го видел Пол Вокер во Лос Анџелес, а гласините дека го нема телото на актерот само ги засилиле дезинформациите дека смрта на актерот е измама.

Некои сметаат дека целиот случај е осмислен како реклама за филмот “Брзи и бесни 7“, кој на големото платно ќе се појави во јули 2014 година. Наводно, во уводот на филмот ќе биде прикажана сцената во која Пол вели: “Тоа што ние сме брзи, не значи дека сите мораат да бидат брзи. Јас не сум мртов, тоа беше само една поучна лекција за сите вас!“

Foto: AP/Tanjug

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi