Ќерката на Пол Вокер: Тато, засекогаш ќе бидеш во моето срце, ти си мојот херој!
2 декември, 20130
Медоу Вокер (15) ќерката на трагично загинатиот актер Пол Вокер го отворила срцето на социјалните мрежи и изјавила дека нејзиниот татко бил нејзиниот најголем херој.
“Кога бев мала тој ме научи да одам, ме научи да се смејам, ме научи никогаш да не се откажувам. Го сакав и пред да знам што значи тоа љубов. Тој беше мојот херој. Мојот вистински херој. Засекогаш ќе бидеш во моето срце. Очите ми се полни солзи додека ова го пишувам. Замина но не си заборавен. Почивај во мир тато!“ – напишала Медоу.