Кралското бебе се роди, момче е!

23 јули, 20130
4

Кралското бебе се роди во добра здравствена состојба во 16:24 часот по лондонско време во болницата Сент Мери.

Детето кое тежи 3.8 кг и мајката се добро. Принцот Вилијам присуствувал на раѓањето, соопштуваат од дворецот. Кратко после објавувањето на веста црна кола со полициска придружба ја напушти болницата, а во неа патуваше агент со соопштението за кралицата, како што е одредено со протокол.

Името на бебето може да се дознае дури после неколку дена. Нестрпливите британци ќе треба да се помират со тоа имајќи во предвид дека за да го дознаат името на принцот Вилијам чекаа една седмица, а за принцот Чарлс, еден месец.

Добави описание

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *