Ако не сакте да ве стрефи инфаркт, земете куче или маче!

13 мај, 20130
11

Оние од вас кои би сакале да си поживеат подолго и да го намалат ризикот од срцеви болести би можеле да размислат за тоа да си земат куче или маче, соопшти овие денови Американската асоцијација за болести на срцето. Освен што може да го намали ризикот од болести на срцето, животот со домашен миленик се поврзува и со пониско ниво на дебелина, со крвиниот притисок и холестеролот.

До ваков заклучок допринесува студијата спроведена над 5200 возрасни американци, која покажала дека особена полза би имале ако чувате куче, бидејќи со самото тоа ќе водите и поактивен живот поради прошетките со кучето во текот на денот.

Некои постари студии потврдиле дека домашните миленици ве смируваат, па затоа истите се повеќе се користат и во терапија на некои психички болести.

Истражувањето уште покажало дека вниманието и љубовта што ја добивате од вашиот миленик го намалува стресот и напнатоста, анксиозноста, депресијата и чувството на осаменост, но и да направи неговиот сопственик да се чувствува подобро и повеќе да се цени себеси.

Foto: AP

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi