Audi RS7 вози без возач зад воланот

29 октомври, 20140
9

На последната трка годинава во сезоната на DTM шампионатот, која се возеше на популарната германска патека Hockeheim, Audi не само што оствари тројна победа и со тоа ја освои титулата во конкуренцијата на конструктори, туку покажа и еден необичен проект под името „Piloted Driving“. Во прашање е Audi RS7 кој извозе цел круг на патеката во тркачки ритам, со време од нешто преку две минути, но без возач.

Тоа воедно беше и најдобрата демонстрација на технологијата за автономно возење, која користи GPS сигнал, WiFi комуникација со возилото и специјални 3D камери кои ја снимаат патеката, на основ кој компјутерскиот програм ги споредува информациите и ги одредува параметрите за возењето. Според зборовите на инженерот на Audi, со ова е можно да се позиционира автомобилот буквално на саканиот сантиметар на патеката.

Инаку, Audi со овој вид на технологија започна да се занимава пред цела деценија, а податоците добиени за време на истражувањата и развојот, успешно се имплементирани во некои од актуелните системи кои ги користат неговите модели, Audi Side Assist, Active Lane Assist, Adaptive Cruise Control i Pre Sense Front.

https://www.youtube.com/watch?v=eOYsI1cqUrw

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi