Ако го избришете профилот на Фејсбук, ќе се случи ОВА!

26 ноември, 20140
12

Социјалните мрежи во целост завладеаја со светот и повеќето од нас денес имаат многу повеќе виртуелни пријатели, отколку вистински. Меѓутоа, ако го исклучите профилот на Фејсбук може многу да научите.

Кога ќе одлучите да го исклучите својот профил на Фејсбук, сфаќате дека статусите на него биле обична глупост и дека социјалната мрежа полека ви го отупувала мозокот. Вашите размислувања би требало да ги знаат само блиски луѓе, а не луѓе кои, всушност, не ги познавате.

Ќе сфатите дека имате многу помалку добри пријатели, отколку што сте мислеле и ќе ви биде драго поради тоа. Пријателството кое го одржувате преку интернет не е вистинско, тоа се всушност само виртуелни пријатели кои не знаат многу за вас, а вистинските пријатели се секогаш тука кога ќе ви затребаат.

Кога на објава на нечиј профил ќе притиснете „лајк“, тоа не мора да го има вистинското значење „ми се допаѓа“.

Кога ќе се решите од профилот ќе сфатите дека времето било залудно поминато пред компјутер и дека многу подобро може да го искористите за други работи, како дружење со семејството, излегување, гледање ТВ или читање добра книга.

Некои нешта сепак би требало да останат само за вас и да бидат само ваши спомени кои нема да ги делите со луѓето кои не ви значат ништо во животот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *