Флексибилен телевизор пристигнува во 2017 година

18 јули, 20140
8

Компанијата LG го претстави неодамна својот флексибилен екран од 18 инчи кои може да се спакува во мала ролна со дијаметар од 3 сантиметри.Продажбата на телевизорите со овие екрани е најавена за 1017. година.

LG на 9 јуни го претстави својот најнов екран, толку флексибилен што може да се стави во ролна,а чија што резолуција е 1200×810 пиксели.

Тоа е само уште еден успешен потег на патот кој би требало да води до мали, преносливи уреди со поголем дисплеј кои по потреба може да се развие и да го замени телевизорот.

Beta/AP Photo/LG Display Co.

Претставниците на LG тврдат дека првиот флексибилен телевизор со екран од 60 инчи и Ултра HD квалитетна слика ќе биде во продажба веќе во 2017. година. Таквиот телевизор би можел да се собере во мала ролна, лесно пренослива или едноставна за складирање доколку не се користи.

Тајната на овој екран е високо молекулскиот слој на материјали на база на полимид, кој наместо пластиката ја сочинува позадината на екранот.

Слични екрани компанијата Сони претстави во 2006 година, додека две години подоцна германскиот Институт Маркс Планк претстави совршена верзија на екраните применливи на телевизори и лаптопи.

Самсунг исто работи на оваа идеја, па така минатата година на саемот за електроника во Лас Вегас, претстави флексибилен смартфон. И LG i Samsung порано претставија смартфони со искривен екран, кои би требало да претставуваат прелазна фаза кон флексибилните модели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *