Како да ги отстраните гребнатините од дисплејот на телефонот?

26 јули, 20140
5

Ситните гребнатини од дисплејот пробајте да ги отстраните со помош на некој од овие едноставни трикови, кои се брзи и безбедни.

Најпрво исклучете го телефонот и нмојте да го полните додека се занимавате со санирање на гребнатините!

Паста за заби

Стиснете малку паста за заби (големина како зрно од грашак) на мека, по можност микрофиобер крпа и со нежни, кружни движења, без премногу притисок, поминете ги местата каде што се појавиле гребнатини. Доколку гребнатините се видливи и понатаму, повторете ја постапката. Откако ќе завршите, исчистете го дисплејот со влажна крпа и отстранете го вишокот од паста.

Паста за отстранување на автомобиски гребнатини

Не се скапи, а лесно се нанесуваат (со мека крпа) на дисплејот од телефонот, исто така со кружни движења, и можат значајно да ги редуцираат гребнатините.

Сода бикарбона

Измешајте сода бикарбона и вода со следните размери: две третини сода бикарбона и една третина вода. Мешајте додека не се формира густа паста. Со мека крпа малку од пастата нанесете на дисплејот со кружни движења. Со влажна крпа отстранете го вишокот од пастата и исполирајте го дисплејот.

Пудра за бебиња

Функционира на истиот начин како и сода бикарбоната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi