Најтенкиот смартфон на сите времиња

14 јули, 20140
Најтенкиот смартфон на сите времиња

Xperia T3 е обликуван со огромно внимание кон секој детаљ за оние кои знаат да го ценат посебниот и препознатливиот дизајн во секојдневниот живот. Тој е опремен и со најнови технологии од Sony, вклучувајќи и водечка експертиза за дигитална фотографија и живописен HD екран. Oд Sony велат дека новиот паметен телефон Xperia T3 е за сите оние кои сакаат секогаш и со се’ да се истакнат во своето опкружување.

T3 доаѓа во три елегантни бои кои навистина го пленат нашето внимание: бела, црна и виолетова.

Челикот кој е користен за изработка на куќиштето овозможува тенкиот дизајн да ви пружи чувство на цврстина и издржливост, а истовремено функционира и како антена комбинирајќи го обликот со функционалност. Иако е изработен исклучиво од врвни материјали, тенкиот Xperia T3 е исклучително лесен и тежи само 148 грама со што нуди слобода за живот во движење.

Благодарение на вградената Sony BRAVIA технологија, овој паметен телефон има навистина импресивен екран од 5.3-инча со висока резолуција и Sony BRAVIA Engine 2. Резултатот е доживување кое нуди реалистични црвени и сини нијанси, како и IPS екран во кој може да уживате од било кој агол. Xperia T3 за фотографирање користи Cyber-shot 8MP камера со Exmor RS for mobile сензор кој ви нуди квалитетно фотографирање дури и при лоши услови на осветлување.

Xperia T3 поддржува 4G мрежа овозможувајќи ви да го споделите секој важен момент од вашето секојдневие било кога и било каде, а благодарение на четиријадрениот 1.4GHz процесор, Xperia нуди побрзи перформанси и одлична графика.

Дополнително, долготрајната STAMINA батерија која има капацитет од 2.500 mAh ќе ви овозможи уште подолго да уживате во забавата.

Со телефонот се испорачува и Xperia Transfer апликација која им овозможува на корисниците лесно префрлање на контакти, фотографии, букмарк ознаки, апликации, музика, пораки и останата содржина од својот стар Android или iOS уред на својот Xperia T3.

Заклучокот би бил дека Sony Xperia T3 е совршен за сите корисници со стил кои се во потрага по нов телефон кој не прави апсолутно никакви компромиси кога е во прашање дизајнот или технологијата.

Новата Xperia T3 се очекува во продажба кон крајот на месец јули оваа година. Погледнете го и промотивниот видео запис:

httpv://www.youtube.com/watch?v=fgHRBwoOqCU

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi