Не можете без мобилниот телефон? Овие факти ќе ве избезумат!

21 јули, 20140
12

Кога телефонот не ни е во раце чувствуваме како голем дел од нас да ни недостасува, кога немаме мрежа сме нервозни, а доколку нешто не објавиме на Инстаграм, исто како да не се случило. Според мислењето на психолозите, нашата опсесија со овој уред е надвор од контрола и ние сме во голема мера зависни.
Фактите кои следуваат сигурно ќе ве натераат подлабоко да размислите:
Зависноста од мобилен телефон има официјално име, и постојат третмани за лечење. Доколку се плашите дека нема да можете да користите модерна технологија, тогаш имате номофобија. Терминот е создаден во 2008 година во Британија.
89% од корисниците на мобилниот уред доживуваат “фантомски вибрации“, односно им се причинува дека телефонот звони или вибрира. Кога телефонот си поигрува со умот и перцепцијата за реалност, знаете дека сте зависник.
Околу 7% од испитаниците откриле дека користењето на мобилен уред било причина за раскинување на врска или губење на работното место.
За секои 100 разговори на мобилен ризикот од појава на тумор на мозокот се зголемува за 5%. Обидете се разговорите да бидат што пократки или преминете на разговори во живо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *