Новиот Twitter ќе биде сличен на Facebook!
8 април, 20140
Новите профили вклучуваат поголеми фотографии и многу нови опции. Неколку корисници веќе добија можност да го активираат новиот дизајн, иако на глобално ниво тој ќе настапи во следните недели.
Новиот профил има опција за сортирање на највлијателните твитови, а има и можност за означување на објавите така што секогаш да бидат на врвот на страницата.